„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.11.2024
Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за транспорт и врски на РСМ организираше работна средба пред 10-тина македонски извозни компании со претставници од Пристаништето во Кавала, Грција.
Средбата ја отвори д-р Јелисавета Георгиева Јовевеска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, која на присутните компании им укажа благодарност за интересот за користење на услугите на пристаништето во Кавала.
Пред компаниите, извршниот директор на Пристаништето во Кавала, Ангелос Влахос, ги презентираше можностите и поволностите кои ги нуди пристаништето во Кавала. Влахос напомена дека во моментот истото е во државна сопственост, и за кое постои план на почетокот од наредната година да се приватизира. Исто така, информираше дека пристаништето располага со капацитет кој може да ги задоволи потребите на компаниите, со побрза и конкурента услуга за секаков вид на транспорт, со исклучок на контејнерскиот.
Комората континуирано работи на активности за отворање на нови можности и подобрување на конкуретнските предности за поголема промоција на македонските извозните компании со цел освојување на нови пазари преку вмрежување и воспоставување на трговски партнерства, како и преку поголема препознатливост и видливост на нашите производи на меѓународните пазари.
Сите заинтересирани компании за проширување на соработката со пристаништето во Кавала, можат да не’ контактираат со цел да ги поврземе и да им помогнеме како да пронајдат соодветни партнери и нови можности.