„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
31.10.2024
Изминатите денови, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ја посети Амбасадата на Република Турција и имаше средба со неговата екселенција, амбасадорот Фатих Улусој, како и со генералниот директор на Халкбанк, Билал Суџубаши. Посетите беа дел од чествувањето на 101-та годишнина од основањето на Турската република и претставуваше можност за продлабочување на долгогодишната соработка меѓу двете земји.
Главна тема на разговорите со Н.Е. Фатих Улусој беа актуелните состојби во Европа и во Украина, при што беше потенцирано значењето на стабилноста во регионот. Дополнително, беше разговарано и за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Турција, која е во подем во текот на последните години.
Според последните податоци за 2024 година, економската соработка бележи значаен раст, при што Турција е меѓу првите седум трговски партнери на Северна Македонија. Во споредба со истиот периот во 2023 година обемот на трговската размена е зголемен за 7,7 %. Турските компании се исто така значајни инвеститори на македонскиот пазар, особено во секторите на финансии, банкарство и градежништво, со што ја поддржуваат економската стабилност и раст на Северна Македонија.
Во истиот дух на соработка, претседателот на Комората, Бранко Азески го покани и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој оствари средба со членовите на Управниот одбор на Стопанската комора.
На средбата беа дискутирани повеќе теми, како што се економската состојба во државата, процесот на имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, економските политики на Владата, активностите на Министерството за поддршка на компаниите, стопанството и малите и средни претпријатија, како и потребата за поголема општествена одговорност кај компаниите.
На средбата е оценето дека соработката помеѓу Министерството за економија и труд и Стопанската комора е на високо ниво и истата треба да се продлабочи и интензивира.
Министерството за економија и труд е партнер на приватниот сектор, тие се двигателот на македонската економија, ние во континуитет ќе го поддржуваме развојот на стопанството и компаниите.