„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.10.2024
Стопанската комора на Северна Македонија го претстави новоформираниот Центар за циркуларна економија на националната работилница на тема „Консолидирање на институционалната рамка на Северна Македонија за транзиција кон циркуларна економија“ на која присуствуваа широк спектар на правни субјекти, вклучувајќи државни институции, агенции, компании, невладини организации, бизнис асоцијации и претставници од Европската Унија, како амбасадите и делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Накратко беше образложена причината за неговото формирање, т.е. потребата од еден заеднички бизнис центар во кој ќе се слеваат сите информации поврзани со концептот на циркуларната економија, а од него ќе се обработуваат и дисперзираат до неговите членки. Постулатите на неговата работа, односно трите оддели – правна регулатива, развој и финансирање, ќе бидат носечки содржински, но и оперативни единици. Имено, тематски ќе ги покриваат интересите на компаниите, а преку истите, компаниите ќе можат активно да го отпочнат процесот на транзиција од линеарна во циркуларна економија.
На целодневната работилница се споделија искуства од компании кои директно се засегнати и вклучени во овие процеси, како и информации за постоечките и идните процедури што ќе бидат воведени од релевантни институции како Министерството за економија, Министерството за животна средина и Царинската управа. Исто така, беа претставени и можностите за финансирање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ИРЗБ), која обезбедува 6 милијарди евра и претставува значаен ресурс за поддршка на транзицијата.
Планот за раст за Западниот Балкан се базира на 4 столба:
Настанот беше од една страна маратонски но не ја изгуби силината во аргументацијата се до самиот крај. Тоа само ја потврди потребата на севкупниот општествен сектор од нови податоци, информации искуства и средби на оваа глобално акутелна тема.