„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Стопанската комора на работна средба со Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум

24.09.2024

Пред одржувањето на економската министерска конференција на Западен Балкан во Берлин, со која се одбележуваат 10 години од почетокот на Берлинскиот процес, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со своите соработници преку видео врска учествуваше на седница на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум.

На седницата се дискутираше за имплементацијата на проектот – ЕУ поддршка на ЗБ6 КИФ за развој на заедничкиот регионален пазар 2024, како и информирање за вклученоста на КИФ  и статусот на подготовка на акцискиот план за заедничкиот регионален пазар за периодот 2025 – 2028 година.

Коморскиот инвестициски форум, како платформа на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, зема активно учество во процесите на имплементација на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на земјите од Западен Балкан и е еден од носечките чинители за имплементација на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област.