„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНА НА МЛАДИТЕ

05.09.2024

Од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на МРТВ

Концептот на дуално образование претставува успешен начин за поврзување на теоријата и праксата, можност младите да стекнат применливи знаења, соодветни вештини на реално работно место, а партнерството помеѓу бизнис заедницата, образовните институции и државата е важен сегмент за подготовка на учениците за добра работа и кариерен развој.

Иницијативата на Стопанската комора за дуалниот модел на образование денес стана реалност и од вкупниот број на завршени полуматуранти, оваа учебна 2024/2025 година, во стручното образование и во дуалните паралелки  се запишаа 70% од учениците за да се стекнат со стручни вештини и компетенции со кои лесно ќе можат да се снајдат на пазарот на труд и побрзо да се вработаат.

Ваквата реална приказна, како Стопанската комора, сакаме да ја пресликаме и во високото образование, тргнувајќи од фактот дека дипломираните студенти имаа солидни академски знаења, но им недостасува практично искуство за веднаш да се снајдат во работните процеси според искуствата на компаниите кои ги пренесуваат до Комората.

Целото интервју од гостувањето на м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора и претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, можете да го погледнете ТУКА