„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Мерките на државата да бидат така таргетирани, да дел од парите наменети за граѓаните да се трошат во домашните компании.a

01.03.2023

Имаме искуство од неколку последователни кризи. Кога државата ќе си го земе механизмот во раце и ќе интервенира директно кај семејства, заобиколувајќи ги компаниите, Вие компаниите ги оставате на бришан простор. Тоа значи дека Вие не помагате преку нив да се реализира таа помош.

Не може да ги оставите компаниите само како бескраен извор на средства од кои само ќе зимате. Бизнис секторот не ја злоупотреби кризата. Тоа се сепак луѓе кои зад себе држат цели семејства и обезбедуваат плати за вработените кои работата во фабриките и копаните.

Ние сме отворена економија која е директно зависна од европските случувања и нејасно е зошто државата има обврска кон граѓаните  а кон компаниите кои го полнат буџетот односот е дека ќе се снајдат.

Кога се носат мерки, се седнува со чинителите, се ставаат аргументите на маса и се дебатира за можните очекувања. Ни смета кога ќе се каже дека Коморите биле консултирани, а ако консултацијата застане на ниво на информираност и нашите забелешки не се земаат во обѕир, тоа значи дека не сме биле консултирани туку само сме биле информирани.

Линк до целата емисија - Македонската Радио Телевизија (mrt.com.mk)