„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.07.2024
Стопанската комора на Северна Македонија во соработка Агенцијата за регионален развој од Подравје – Марибор, Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН) има чест и задоволство повторно да ве покани на настанот за деловно поврзување „Meet4Business AGRA 2024“, кој ќе се одржи на 28 август 2024 година во рамките на 62-от Меѓународен саем за земјоделство и храна AGRA 2024 во Горња Радгона (Словенија).
Саемот АГРА 2024 ќе промовира нови производи, технологии и знаење, притоа ефикасно искористувајќи го сето она што досега го имаме на располагање. Саемот претставува одлична можност за запознавање со купувачи, за размена на искуства на меѓународно поле и за иницирање на нови деловни контакти.
• Органско земјоделство
• Производство и преработка на прехранбени производи
• Агро-туризам
• Дигитализација, роботика и вештачка интелигенција
• Инвестиции/Финансирање
• Продажба и дистрибуција
• Сервис / Одржување / Набавка
• Регионален развој
• Друго
Ø Планирање на проекти во насока на развој и иновации во соодветните области.
Терминот предвиден за билатерални деловни средби има за цел да иницира деловна и технолошка соработка преку овозможување на однапред договорени состаноци од 30 минути. Основата за состаноците е онлајн каталог кој ги содржи сите профили на компетенции на секој учесник.
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 22.8.2024 година со регистрација на следниот линк: Регистрација: https://agra2024.talkb2b.net/, каде што ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.
Среда 28ми август 2024,сала 5 10:00 – 11:30 Тематски предавања „Агро туризам “(на словенечки јазик) 12.00 – 16.00 Билатерални деловни средби
16.00 Вмрежување и тестирање на вино
|
Контакт лицa од Стопанскa комора на Северна Македонија:
Ирена Мојсовска, телефон: +389 2 3244 009, е-адреса: irena@mchamber.mk,
Калина Миљовска, телефон: +389 2 3244 002, е-адреса: kalina@mchamber.mk