„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Порака од претседателот

КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО АЗЕСКИ

АЗЕСКИ И МИЦКOСКИ СО ДИРЕКТНА ПОДДРШКА ЗА КОМПАНИИТЕ

15.07.2024

Владеење на правото, недвосмислена стратегија за зголемување на извозот, дизајнирање образовен модел според потребите на бизнисот, обезбедување на еднакви услови за натпревар на компаниите на пазарот, ефикасен социјален дијалог.

Комората со години наназад се обидува да биде сериозен партнер на јавниот сектор, но очигледно е, барем досега, дека јавниот сектор не го прифаќа тоа партнерство сериозно. На 25 јули оваа година тоа може да се промени. Како? Многу едноставно. Новиот премиер, професорот д-р Христијан Мицкоски, треба да верува во тоа партнерство, да вложува во него и за возврат да бара отворање на нови работни места и нови инвестиции во приватниот сектор. Ние тој предизвик го прифаќаме и подготвени сме да потпишеме. 
Никогаш досега не сме биле, како сега, подготвени за ваков сериозен договор. Започнавме во 2018 година со градење на концептот Комора на иднината. Во 2019 година донесовме стратегија за нејзина реализација. Во 2020 година кадровски се зајакнавме и внатрешно и надворешно. На 100 годишнината во 2022 година, јасно порачавме дека во наредните 10 години бизнисот да биде приоритет, а државата  да почне да функционира нормално.
Овие наши стратегиски определби најдоа своја рефлексија во Програмата за работа на Владата, која најави дека ќе се залага за стабилни финансии, намалување на сивата економија и поголема наплата на финансиски средства за државниот буџет, со цел задржување на ниски даноци и вртење кон инвестициите. Во инфраструктурата и енергетскиот сектор, зголемување на квалитетот на јавните услуги и инклузивен процес на регулаторни алатки во области значајни за бизнисот.
Во оваа насока првиот приоритет е да обезбеди вклученост на Комората во процесот на планирањето на економските политики. Вториот е Програмата за инвестиции, во која на систематски начин ќе се претстават проектите, изворите на средства и динамиката на нивно спроведување. Еве, и нов предлог на Комората, да не се пуштаат контроли и неселективно спроведување на истите, што значи Коморара инсистира на неселективен пристап во работењето на инспекциските служби.

П.С: Сите вие бизнисмени, најдобро знаете дека работите не "паѓаат" од небо. И овој предлог од јули 2024 е работен со години, вградуван и надградуван, проверуван и анализиран. Најголема заслуга за тоа имаат претседателот Мицкоcки и неговите најблиски соработници, кои од првиот момент, одлучно ги поддржаа барањата на бизнисот и тоа го потврдија низ нашата досегашна соработка. Само да напоменам дека претседателот Мицкоски беше првиот политичар што јавно во Комората ја потпиша нашата Декларација, усвоена на 100 годишнината од нашето постоење и зад неговиот потпис, тоа исто го направија уште 360 значајни институции од нашата држава. Комората за тоа ќе му изрази посебна почит.