„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје успешно се присоедини кон МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

04.07.2024

На крајот од јуни 2024 година, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје успешно се присоедини кон МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Подолу е обраќањето на г-дин Бошко Андов, Претседател на Управниот одбор и Генерален менаџер на  МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп: 

„Ова присоединување е стратешки чекор за уште подобра услуга на нашите клиенти како и нови можности за раст и иновации под единствен бренд - МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, првата институција за осигурување воМакедонија со традиција од безмалку 80 години во дејноста.

Посветени сме на одржување на највисоките стандарди на услуга и како што ги интегрираме нашите операции, ќе продолжиме да обезбедуваме беспрекорна транзиција за нашите клиенти, со непрекината услуга и континуирана посветеност на задоволување на потребите на пазарот за квалитетно осигурување.

На нашите вработени, сакам да им изразам најдлабока благодарност за напорната работа која беше клучна за постигнување на обврските со присоединувањето и уверен сум дека заедно ќе постигнеме уште поголем успех. На нашите клиенти и партнери, им благодариме за континуираната доверба и поддршка. На клиентите на досегашната ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје им посакуваме добредојде во МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Заедно, ние сме посилни, а со вашата доверба и во иднина, остануваме ЗАЕДНО СИГУРНИ.“

Барања на досегашни клиенти на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје за веќе дадените услуги како и барања за идни услуги ќе може да ги реализираат и понатаму  преку постојните вработени и продажни агенти кои и досега се лица за контакт, во ребрендираните подружници. За периодот на важноста на договорите за осигурување, осигурениците на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје своите права, обврски и одговорности кои произлегуваат од истите, ќе продолжат непречено да ги остваруваат преку Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, со седиште на ул. 11 Октомври бр.25 Скопје. www.insumak.mk

МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Виена Иншуренс Груп (VIG/ВИГ) е водечка осигурителна групација во целиот регион на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Повеќе од 50 осигурителни компании и пензиски фондови во 30 земји формираат групација со долготрајна традиција, силни брендови и блиски односи со клиентите. Околу 29.000 вработени во ВИГ се грижат за секојдневните потреби на околу 32 милиони клиенти. Акциите на ВИГ се котирани на Виенската берза од 1994 година, на Прашката берза од 2008 година и на берзата во Будимпешта од 2022 година. Групацијата ВИГ има рејтинг А+ со стабилна перспектива од меѓународно признатата агенција за рејтинг Standard & Poor’s. ВИГ тесно соработува со Erste Group, најголемата банка за малопродажба во Централна и Источна Европа. https://group.vig/en/