„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРОСТОР ЗА СОРАБОТКА СО ХРВАТСКА ДЕФИНИТИВНО ИМА

28.06.2024

Како Стопанската комора гледаме големи можности за јакнење на позициите на македонските брендови во Хрватска. Хрватскиот пазар нуди значајни потенцијали за македонските компании и цениме дека има простор за уште поголема соработка кај извозот на вино, свежите земјоделски производи за туристичките региони на Хрватска, фармацевтските производи, кондиторските производи, е ставот на Комората што го пренесе хрватскиот магазин „Ја-трговац“

За хрватскиот магазин „Ја-трговац“ Стопанската комора ги споделите најновите информации за економската соработка и извозот со Хрватска, истакнувајќи го големиот потенцијал за јакнење на македонските брендови на хрватскиот пазар. 
Разговорот го пренесуваме во целост. 
 
Ја-трговац: Како во моментот се позиционира FMCG индустријата во Северна Македонија во рамките на националната економија? Кои сегменти на прехранбената индустрија или генерално на целата индустрија за широка потрошувачка се најразвиени?
Комора: Индустријата за широка потрошувачка, вклучувајќи ги сегментите како производство на храна, облека, обувки, домаќински апарати, електроника и слично, игра значајна улога во економијата на Република Северна Македонија. Оваа индустрија не само што создава работни места, туку и обезбедува производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на населението и потребите на меѓународните пазари.
Важно е да се има предвид дека економијата на Република Северна Македонија е комплексна и се состои од различни сектори, како што се примарниот сектор (земјоделство, рударство), секундарниот сектор (индустрија) и третиот сектор (услуги). Индустријата за широка потрошувачка се вклопува во вториот сектор, кој може да има значителен влијание врз бруто домашниот производ (БДП) на државата.
Важно е исто така да се посочи дека развојот на индустријата за широка потрошувачка во Република Северна Македонија може да биде подложен на влијанијата на глобалните трендови, економски движења, како и политички и законски промени. Сепак, со соодветни стратегии за развој и инвестиции, оваа индустрија може да има значителен придонес за стабилноста и растот на македонската економија. Индустријата за широка потрошувачка во РСМ е во фаза на справување со предизвиците на глобалната конкуренција, како и со промените во потрошувачките навики и трендовите. Оттука, фактори како законската регулатива, инфраструктурата, инвестициите во иновации и технологија, како и меѓународните трговски односи, имаат значаен влијание врз позицијата на оваа индустрија.
Во Република Северна Македонија, како и во многу други земји, некои од најразвиените сегменти во индустријата за широка потрошувачка вклучуваат:
1. Производство на храна и пијалаци: Оваа индустрија вклучува производство на различни видови прехранбени производи, пијалаци, сокови, алкохолни и безалкохолни пијалаци, слатки и слично.
2. Производство на апарати за домаќинство, вклучувајќи бела техника, кујнска опрема, електроника за домот и слично.
3. Производи за лична нега и козметика
Овие сегменти се обично меѓусебно поврзани и се клучни делови од економијата на земјата.
Согласно официјалните статистички податоците за индустриското производство во 2023 година, во однос на претходната година кај производството на хемиски производи има намалување од 1,6%, а кај производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати има зголемување од 19,6%. Во истиот период, производството на земјоделско-прехранбени производи забележа пад од 11%.  
Што се однесува до производите за широка потрошувачка ( во која спаѓаат храна и пијалаци примарни и преработени, транспортна опрема, стока за широка употребa трајна и полутрајна) извозот од Република Северна Македонија во 2023 година изнесува 1,58 милијарди САД $, и најголем дел од истиот се врши во западноевропските земји. Увозот на истите производи во наведениот период е 2,2 милијарди САД $, или 18,3% од вкупниот увоз во земјава.
Ја-трговац: Колку изнесуваше трговската размена меѓу С. Македонија и Хрватска и каков тренд се бележи за 2023 година во однос на претходната година?
-Комора: Вкупната трговска размена меѓу двете земји во 2023 година изнесуваше 252,39 милиони САД $, што претставува раст од 10,1 % споредено со 2022 година. При тоа, македонскиот извоз изнесуваше 123,3 милиони САД $, со раст од 7,3 %, додека пак, увозот од Хрватска е со вредност од 129 милиони САД $, кој бележи зголемување од 12,9% во споредба со анализираниот период од минатата година, со што на наша страна е остварен трговски дефицит од 5,7 милиони американски долари. Ништо поразлична не е состојбата и во претходните години и генерална оценка е дека меѓусебната размена е далеку под можностите и не е задоволителен податокот дека во надворешно трговската соработка Република Хрватска е 21-ти трговски партнер на Република Северна Македонија во 2023 година.
Ја-трговац: Кои земјоделско-прехранбени производи се најприсутни во извозот кон Хрватска? Што најмногу се пласира на хрватскиот пазар?
-Комора: Во 2023 година беа извезени во Р. Хрватска производи во вредност од 123,3 милиони САД $, или 1,4% од вкупниот домашен извоз.
Во истиот период извезени се производи од индустријата за широка потрошувачка во вредност од 43,5 милиони САД $ што претставува 35,3% од вкупниот извоз во Р. Хрватска.
Македонските производи се високо ценети поради нивниот квалитет и автентичност.
Традиционално, најмногу извезуваме свежо овошје и зеленчук (15,56 милиони САД $). Македонските пиперки и домати се многу популарни на хрватскиот пазар. Јаболката и праските исто така се извезуваат во голема количина. Македонскиот ајвар и лутеница се добро прифатени на хрватскиот пазар. Извозот на преработки од овошје и зеленчук изнесува 9,1 милиони САД $. Македонија, исто така, е позната по своето високо квалитетно вино, кое во Хрватска се извезува во вредност од 7,13 милиони САД $. Извозот на кондиторските производи е со вредност 15,1 милиони САД $,  лековите (0,76 милиони САД $ и препарати од хемиската индустрија во вредност од 1,46 милиони САД $. 
Ја-трговац: Кои се главните извозни пазари на С. Македонија и што најмногу се извезува?
-Комора: Главните извозни пазари на РС Македонија обично зависат од различни фактори како индустријата, производите, трговските договори и сл. Македонија има разновидност во извозните сектори, но некои од главните пазари и производи вклучуваат:
Европска Унија и понатаму останува главен трговски партнер и доминантен пазар за македонскиот извоз. Повеќе од 80% (или приближно 6,5 милијарди САД $) од македонските производи се извезуваат во Унијата. Западен Балкан е на второ место според важноста на македонската индустрија - 10% (или 1.04 милијарди САД $) од вкупниот извоз отпаѓа на овој пазар.
Кина, Русија и земјите на Источна Европа се исто така важен пазар, особено во изминатата деценија па и повеќе. Иако нивниот дел во вкупниот извоз можеби не е толку голем, Русија и земјите од Источна Европа сепак можат да бидат значајни извозни пазари за одредени производи.
САД – дел од македонските производи се извезуваат во земји како САД, Канада, Австралија итн.
• Производи од текстил и облека
• Храна и напитоци, вклучувајќи вино, пиперки, мед, итн.
• Машини и техника
• Хемиски препарати и хемикалии
• Метали и производи од метал
• Електрични и електронски производи
Притоа, најголем процент во извозот на македонски производи отпаѓа на преработувачката индустрија 8,05 милијарди САД $, земјоделско прехранбени производи, вклучувајќи тутун и пијалаци 324,7 милиони САД $, рударство и вадење на камен 258,1 милиони САД $, електрична енергија пареа и климатизација 254,3 милиони САД $.
Во делот на извозот основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати во 2023 година изнесуваат 174.3 милиони САД $), и најголем дел од истите се извезуваат во Германија како и во земјите од Западен Балкан.
Ја-трговац: Како гледате на можноста за подобро позиционирање на македонските брендови во Хрватска и како во тоа помагаат институциите во двете земји низ саемските презентации и другите облици на билатералната соработка?
-Комора: Како Стопанската комора гледаме големи можности за јакнење на позициите на македонските брендови во Хрватска. Хрватскиот пазар нуди значајни потенцијали за македонските компании и цениме дека има простор за уште поголема соработка кај извозот на вино, свежите земјоделски производи за туристичките региони на Хрватска, фармацевтските производи, кондиторските производи итн. 
Билатералната соработка меѓу нашите земји е многу значајна. Очекуваме уште поголема поддршка од државните институции, зашто нашата цел е да изградиме долгорочни и стабилни врски кои ќе донесат придобивка за компаниите од двете земји.  
Саемите, конференциите и бизнис форумите се одлични платформи за македонските компании да ги претстават своите производи и услуги на хрватскиот пазар, зашто овозможуваат директна комуникација со потенцијалните партнери, што е клучно за успешен раст на пазарите. 
 
 Линк до магазинот Ja trgovac