„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

НЕ Е АКТИВНА

ДОМАШНИТЕ ПЕКАРИ НАЈАВИЈА ПРЕСТАНУВАЊЕ СО РАБОТА ДОКОЛКУ СЕ ЗАМРЗНЕ ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ

27.02.2023

По најавите на министерот за економија дека како резултат на недоволно намалените цени на одредени прехранбени производи, пред сѐ на лебот, ќе донесе мерка за укинување на повластената цена на електричната енергија кај домашните производители, а, исто така, и за замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб на 33 денари во малопродажбата, производители на леб од државата одржаа состанок во Стопанската комора на Северна Македонија за да заземат одреден став за ваквите најави.

Домашните пекари и производители на леб се со став дека, по воведувањето на мерката за повластена цена на електричната енергија за прехранбената индустрија, сите компании ги намалија цените на овој производ, дури и повеќе отколку што таа процентуално учествува во конечната цена, а таквата мерка ДАДЕ ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ.

Со нејзиното носење се сопре зголемувањето на цената на лебот, а таа подоцна и се намали во согласност со ветувањето од производителите. Но, доколку Владата на РСМ ја донесе мерката која ја најавува изминатите денови – укинување на повластената тарифа за електрична енергија за домашните пекари и, пред сѐ, замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб – од истиот момент компаниите ќе ја стопираат својата работа, односно нема да произведуваат леб.

Како една од мерките што ги користеше оваа индустрија и порано, а која таа ја бара и сега, е враќањето на евтината струја во ноќните часови, кога сите пекари работат, со што истовремено се растоварува и мрежата за дистрибуција на електрична енергија.