Нашите анализи покажуваат дека најголем дел од земјите вложуваат многу средства во инвестирање во приватниот сектор, односно државата е таа која ги стимулира тие продуктивни инвестиции, бидејќи со силен и конкурентен приватен сектор државата има многу придобивки: креирање на нови работни места кои се високо платени, повеќе даноци во буџетот итн. Така што државата има мотив да инвестира во компаниите, особено во нивниот технолошки развој и нивна извозна промоција со цел креирање на национални брендови коишто ќе бидат препознатливи на странските пазари, изјави Лазаров за ТВ Блумберг Адрија.
Зборувајќи за причините зошто само 5% од компаниите се извозно ориентирани тој потенцираше дека најголем дел од компаниите, кои се активни, доаѓаат од услужниот сектор, кои не се предмет на меѓународно тргување.
„Втората причина е ниската извозна подготвеност на македонските компании, посебно во преработувачката индустрија каде што всушност треба да има најголем извозен потенцијал на стоки, ниското техничко-технолошко производство и неконкурентност во однос на цените. И третата причини е недоволната извозна промоција. Многу мал дел од македонските компании и производи се препознатливи на странските пазари. Од тука мислам дека треба да се влечат и идните политики на новата Влада, кои треба да бидат во насока на забрзување на процесот на структурната трансформација на македонската економија, кон преработувачката индустрија, односно кон извозно ориентирани сектори“, истакна Лазаров.
Целиот разговор на проф. д-р Дарко Лазаров претседател на Клубот на извозници
ТУКА.