„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Историска пресвртница на Прилепска пиварница: настан по повод 100-годишнината

13.06.2024

Она на што сме особено горди не се само нашите брендови. Повеќе од сè сме горди на луѓето што сите овие години, од самите почетоци па до ден-денес, се дел од оваа компанија и на луѓето што на еден или друг начин ги посветиле своите животи во оваа компанија, изјави на прославата по повод 100 годишнината на Прилепската пиварница претседателот на Управниот одбор, Сашко Самарџиоски.

Компаниите во Македонија кои може да се пофалат со стогодишнини се реткост, а брендовите со повеќевековно присуство на пазарот се уште поисклучителни. Меѓу овие неколку се вбројува Прилепска Пиварница, која одбележа 100 годишен успех и се запиша во историјата со својот квалитетот во пиварската индустрија.
Сто години Прилепска Пиварница е доказ за работата, посветеноста и издржливоста низ променливи времиња, заработувајќи трајна лојалност од своите клиенти и индустријата. Прославата беше проследена со среќа и носталгија зашто со прикажувањето на краткиот документарен филм, присутните веднаш тргнаа на патување низ времето, прославувајќи еден век на пресвртници, иновации и спомени. Забава во живо приредија познатите ѕвезди Калиопи и Тони Цетински, а за смеењето беше задолжен Сашко Коцев со stand up настап.
„Најубавото од сè е што приказната сè уште трае и некои други генерации ќе продолжат да ја раскажуваат и по нас. Возбудата вечерва со самото тоа е уште поголема кога денес, вака собрани, сме современици на еден настан за кој работеле и живееле толку многу генерации, а ние ја имаме честа да сме современици на овој јубилеј. И на следниот од наредни 100 години ќе бидат сосема некои други лица, кои сега не се ни родени“, рече на прославата претседателот на Управниот одбор, Сашко Самарџиоски.
„Денес им оддаваме почит и на визионерските основачи, кои ги поставија темелите на нашата пиварница пред еден век (нивни потомци се присутни овде во салава). Нивната непоколеблива визија и страст го обликуваа нашето патување и наследство. Тие продолжуваат да нè инспирираат додека го носиме нивното наследство напред во иднината“, изјави Панде Самарџиоска, член на Управниот одбор.
Приказната за Прилепска Пиварница започнува уште во далечната 1924 година и тоа ја прави една од најстарите пиварници на Балканот. Она што претставува заштитен знак на пиварницата е висококвалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сè до Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивен дистрибутер е Прилепска Пиварница, којашто го произведува и култниот освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube, пиварницата е и увозник на алкохолните пијалаци St. Nicolaus.