„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РЕГИОНАЛНА МОБИЛНОСТ НА СТРУЧНИОТ КАДАР ПРЕКУ АВТОАМТСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ

05.06.2024

Една од целите на Коморскиот инвестициски форум е обезбедување услови за регионална мобилност на стручниот кадар во земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стручен кадар за компаниите и подобрување на нивната извозна конкурентност. За таа цел, минатата година, на Самиот во Тирана, земјите од Западен Балкан потпишаа Договор за воспоставување на автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука (доктори по медицина, медицински сестри, акушерки, ветеринарни хирурзи, фармацевти и архитекти) во контекст на Договорот за слободна трговија. Атоматското признавање на квалификациите им овозможува на квалификуваниот кадар и на професионалците да работаат и во другите земји преку олеснети административни бариери.
Во насока на подобрување на процесот на автоматско признавање на квалификациите, Стопанската комора оствари работна средба со претставници од Центарот за информирање и признавање на квалификации во високото образование (ЕНИК центар) од Босна и Херцеговина, на која се дискутираше за квалификациите стекнати во Македонија и нивно споредување со квалификациите во регионот (стекнати квалификации пред воведување на Болоњскиот систем и со воведување на Болоњскиот систем). На состанокот се констатираше дека во Националната рамка на квалификации во Македонија не се вклучени квалификациите стекнати, пред воведување на Болоњскиот систем, преку вишото образование, од причина што, поединците кои имале завршено вишо образование морале, во определен период, да го заокружат своето образование со високо образование за да можат да ги задржат своите работни места на кои дотогаш работеле со вишо обрзование. Ова преставува предизвик на кои треба да се работи, бидејќи ваквите квалификации на поединците кои доаѓаат од другите земји во нашата земја нема да бидат препознати и автоматски признати.
Атоматското признавање на квалификациите има неколку клучни аспекти:
1.     Слобода на движење и пристап до пазарите на трудот: Автоматското препознавање им овозможува на професионалците полесно да се движат и да ги практикуваат своите регулирани професии во други земји во регионот и во ЕУ.
2.     Се олеснува мобилноста и пристапот до пазарите на трудот: Квалификуваниот кадар и професионалците можат да ги обезбедуваат своите услуги во друга земја на привремена и повремена основа без потреба од дополнителна процедура за признавање.
3.     Поедноставни административни процедури: Автоматското препознавање ја намалува бирократијата и ги поедноставува административните процеси. Квалификуваниот кадар и професионалците не мора да поминуваат низ сложени процедури за признавање, што ја забрзува нивната интеграција на новиот пазар на труд.
4.     Транспарентност и стандарди: Директивата 2005/36/ЕЗ за признавање на професионалните квалификации воспоставува систем на меѓусебно признавање и евалуација на националните прописи за професионални квалификации.