„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

Асоцијацијата за поддршка на медијацијата и Народната банка со активност за заедничка популаризација на медијацијата

28.05.2024

Шеста работна средба на регулаторите, приватниот и граѓанскиот сектор за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија

Народната банка, заедно со другите финансиски регулатори, ја организираше редовната работна средба на регулаторите, приватниот и граѓанскиот сектор за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија. На средбата, со цел поголема популаризација и користење на медијацијата како една од најдобрите начини за решавање на одреден спор, пред повеќе од 30 присутни, беше одржано предавање на тема: „Медијацијата како алатка за ефикасно и економично решавање на споровите, вклучително и во областа на финансиите“, од страна на д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, претседателка на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Северна Македонија. Искуствата пренесени во оваа презентација се очекува да придонесат за промоција на медијацијата во доменот на финансиските услуги, како начин за поддршка на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите на финансиски производи и услуги во нашата земја.
Средбите кои се одржуваат два пати во текот на годината  овозможуваат  редовен дијалог помеѓу финансиските регулатори, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активностите за финансиска едукација. Размената на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем, обезбедува  успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија обезбедува координиран пристап на национално ниво и стратегиска рамка којашто го препознава значењето на едукацијата, овозможува инклузија и координираност на сите релевантни страни и дефинира мапа на активности за ефективно постигнување на целите.
 
Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора на Северна Македонија е формирана во 2016 година со цел промоција, афирмација и поголемо користење на медијацијата во нашата земја заради искористување на сите нејзини бенефити: брзина, доброволност, економичност, ефикасност, рамноправност на страните, доверливост на целата постапка и немање достапност на информации, извршност доколку Спогодбата постигната по пат на медијација се солемнизира на нотар и сл. Од формирањето на АПМ до денес, самостојно или со поддршка на домашни и меѓународни институции, АПМ има организирано над 50 бесплатни настани, обуки, предавања, семинари, конференции и сл. со учество од повеќе од 2.500 заинтересирани страни.