„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Во светот се зголемува дебатата за ефективноста од осумчасовното работно време

17.05.2024

Во светот се згоемува дебатата  за ефективноста од осумчасовното работно време, а  при тоа се тестираат и ефектите од скратена работна седмица. Република  Северна Македонија, се чини е далеку од идејата за скратено работно време. Според претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора на Северна Македонија, Габриела Кулебанова, причината  е ниската конкурентност и дефицитот од кадар.
Г-ѓа Кулебанова во својата изјава дадена при гостувањето на Блумберг Адрија ТВ истакна: „Ние како држава сме најниско на скалилото на продуктивноста во однос на регионот, а да не зборуваме во однос на ЕУ. Во согласност со истражувањата на ’Евростат’, македонскиот работник придонесува во само 43 проценти во однос на еден вработен споредено со просекот на ЕУ. Секако, кога зборуваме во однос на продуктивноста ги бараме причините и во самите менаџери на компании и самите вработени, меѓутоа кај нас во последните години имаме еден деформиран вредносен систем, кој мора да го исправиме. Луѓето во светот напредуваа со користење на вештачката интелигенција, а ние уште зборуваме за неквалитетните образовни процеси и диспропорцијата меѓу кадарот што го креира образованието и потребите на стопанството“.
Според неа дебатата за скратено работно време или скратена седмица сè уште не е сериозно отворена во земјава, но скептична е дека македонското стопанство би можело да си го дозволи тоа и дека за подобра бизнис-клима и зајакнување на стопанството, на земјава ѝ недостигаат и реформи и резултати во владеењето на правото и борбата со корупцијата, како и воведување ефикасен правен систем без административни бариери што ги кочат компаниите.
Целото интервју можете да го видете на следниот линк: https://mk.bloombergadria.com/blumberg-adrija-tv/blumberg-adrija-tv/58666/makedonija-daleku-od-idejata-za-skrateno-rabotno-vreme/news