Креираме визија за просперитетна нација за просперитетна Македонија. Црвсто сме убедени дека ова е правилната визија за просперитет на Македонија, изјави Ѓорѓе Војновиќ, член на Одборот на директори на Македонија 2025, на промоцијата на стратешкиот план Една визија за забрзан раст.
Тој рече дека визијата за просперитет вклучува три постулати: нулта толеранција кон корупција преку транспарентност и систем на вредности и лична одговорност, ефикасна јавна администрација, континуиран раст на БДП над пет отсто годишно, нови инвестиции во образованието што е многу битно, реформи за побрз раст на бизнисите, поддршка на извозот, сведување до минимум на сивата економија.
- Сето ова е поврзано со модерни текови во водењето на јавната администрација, која ќе работи по светски и европски стадарди, пред се на дигитализирана администрација со што ќе се сведе можноста на коруптивни дејства на ниско ниво, рече Војновиќ.
Најголемата болка е сивата економија која треба да се сведе на минимум, со што како што нагласи тој, ќе се придонесе за градење на подобро општество, посилна нација и Македонија да стане респектибилна земја за домашните и за странските инвеститори. Војновиќ ја искажа подготвеноста на членовите на бордот на директори, да се вложат со своето знаење и искуство, за Македонија да стане посакаувана бизнис дестинација.