„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ВИКТОР МИЗО ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ“: БЕЗ ЖЕЛЕЗНИЦА НЕМА ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛИ

05.04.2024

Македонија нема можности за производство на автомобили. За тоа е потребна солидно развиена инфраструктура која претпоставува и железница, огромен простор од 300 до 400 хектари, пет до десет илјади работници со соодветно знаење, голем број добавувачи… Освен тоа, нема ни индустриска традиција, каква што имаат Словачка, Полска, Романија.
„Со популација како нашата и можностите кои ние би ги понудиле за производство на возила, според сите темелни анализи, е многу тешко, па дури и е во рамки на невозможното“, нагласува претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, во поткастот „Каде се парите?“. (https://pari.com.mk/viktor-mizo-vo-kade-se-parite/ )