„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРОМОЦИЈА НА НОВ ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТ - ЗЕЛЕН ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТ (АНГ. GREEN FINANCE FACILITY) ВО РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА БИТОЛА ПРИ СКСМ

26.03.2024

На 26.03.2024 година во организација на Стопанска комора на Северна Македонија, Регионална комора со седиште во Битола, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Економската комисија за Европа на Обединетите нации (УНЕЦЕ) во склоп на активностите на проектот „Зелен финансиски инструмент“ е реализирана презентација за ГФФ – зелениот финасиски иструмент достапен за бизнис секторот во Македонија.

Овој финансиски инструмент со вкупна вкупна вредност од 46 милиони американски долари кој ќе се спроведува до април 2026-та година треба значително да ја подобри понудата и пристапот до поволно финансирање за мали и средни претпријатија (МСП) и недоволно опслужени но кредитоспособни целни групи на лица/домаќинства за инвестиции во решенија за обновлива енергија (ОЕ) и енергетска ефикасност (ЕЕ).
Зелениот финансиски инструмент е кредитна линија наменета за финансирање инвестиции во енергетско ефикасна опрема и обновливи извори на енергија со високи перформанси преку локални партнерски банки и лизинг компании. Со овој финансиски инструмент освен што се поддржуваат малите и средните претпријатија во Македонија во финансирањето на “зелени” инвестиции, се влијае и на намалувањето на емисиите на стакленички гасови и намалувањето на загадувањето на воздухот во земјата.
Инструментот е комбинација на финансирање на проектни инвестиции преку заеми и лизинг со технички совети и услуги креирани за малите и средни претпријатија за да имплементираат и имаат корист од технологиите за зелена енергија со високи перформанси.
По успешната верификација на инвестициските проекти преку GFF, малите и средните претпријатија имаат право на стимулација за враќање на средства за успешно завршена инвестиција во износ од 5-10% од главницата на кредитот и 30% за лицата/домаќинствата.
Проектот „Зелен финансиски инструмент“ е финаниски поддржан со грант од Заедничкиот фонд за целите на одржливиот развој и Владата на Република Северна Македонија и кредитно финансирање од Европската банка за обнова и развој и комерцијалните банки.
 
М-р Никола Димковски