„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.03.2024
Корупцијата претставува еден од најсериозните предизвици за иднината на македонската економија. Затоа, потребни се заеднички напори за создавање на бизнис околина заснована на интегритет, транспарентност и етички практики. Ваквите заложби на Стопанската комора беа препознаени и прифатени од компаниите од Штип и штипскиот регион на првата средба која се одржа во овој град, како дел од активностите на проектот „Граѓаните против корупцијата“. Целта на настанот беше разговор со локалните претставници од приватниот сектор, размена на идеи и решенија како на конструктивен начин да се поттикне активното вклучување во борбата против корупцијата.
Потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски на средбата го презентираше проектот, при што се отвори дискусија за штетноста на корупцијата, која со себе повлекува фискални последици, нефункционирање на институциите, трошоци за бизнисите, неконкурентност, последици за животната средина.
Присутните компании изразија загриженост поради големата застапеност на сивата економија, што на пазарот прави нелојална конкуренција. Во однос на корупцијата, претставниците на компаниите оценуваат дека се потребни системски решенија и цврста и јасно искажана волја за сузбивање на корупцијата од највисоките структури на државата.
За состојбите со јавните набавки, на средбата свое излагање имаше Сабина Факиќ од граѓанската организација Центар за граѓански комуникации.