„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

УСПЕШНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ВО ГОСТИВАР

13.02.2023

Само за една година средното медицинско училиште во Гостивар успеа да потпишe 77 меморандуми за соработка со мали и средни приватни поликлиники и ординации. Од успешната соработка произлегоа 7 дуални паралелки за квалификациите: медицинска сестра и забен техничар и 167 стипендии за учениците од дуалните паралелки.

Нашите социјални партнери широко ги отворија вратите за учениците, се вклучија во дуалниот образовен процес и ги следат обуките за менторство што ги реализира Стопанската комора на Северна Македонија. Обучени ментори имаат ПЗУ “КардиоМед ФС”, ПЗУ “Ројал Медика” и ПЗУ “Неонатус”.

Учениците ја реализираат феријалната пракса, учењето преку работа и практичната настава во реални средини и се стекнуваат со стручни знаења и вештини на реално работно место. Во оваа соработка активно е вклучена и локалната заедница преку средби за социјален дијалог и разгледување на потребите за овој кадар во општината и пошироко.