„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТАТА, ОДРЖЛИВОСТА И ПОДГОТВЕНОСТА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ГОДИНАВА

11.03.2024

НАВРЕМЕНО СООЧУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДОВЕДУВА ДО ТРАЕН РЕЗУЛТАТ

Секторот градежништво се наоѓа во период на закрепнување предизвикан од COVID 19 и економската криза. Показателите кои посочуваат кон оваа состојба се видни, и несомнено е дека за рехабилитација е потребен подолг временски период. Секаде во светот па и кај нас економската и енергетската криза предизвика зголемување на цените на градежните материјали кои се појдовна точка за зголемување на цените на услугите во целиот градежен сектор.
Потврда за незавидниот период низ кој поминува градежниот сектор се и статистичките податоци за Бруто домашниот производ според производствениот метод, каде согласно волуменските индекси во третиот квартал од 2023 година има пад од 13% споредбено со третото тромесечие од 2022 година. Недостигот на квалификуван и високо образован кадар се тренд кој непречено е во растечки подвиг, и покрај тоа што во дејноста се забележува сериозен пораст на просечната нето плата и тоа во нискоградбата за 2023 се забележува зголемување 28,2 %, додека во високоградбата зголемувањето на нето платите достигна до 26,2% споредбено со 2022 година.
На седницата на Управниот одбор на Здружението на градежништво, индустријата на градежните материјали и неметали која се одржа во просториите на компанијата Џефахир холдинг, беа отворени неколку теми за дискусија меѓу кои извештајот на реализаираните активностите од 2023 година,  како и планот за реализација на предвидените активности на Здружението за 2024 година, на која ги изгласа предлозите а воедно и ги детектираше точките за делување како приоритети во периодот кој следува, следејќи го темпото на делување како и во минатата година.