„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА ПАКИСТАН ВО КОМОРАТА

08.03.2024

Потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, оствари работна средба со Н.Е. Модасар Чаудри новоименуваниот Амбасадор на Исламската Република Пакистан со седиште во Софија, Бугарија.

На средбата заеднички беше нагласена потребата од унапредување и интензивирање на економската соработка како и потребата од зголемување на трговската размена и искористување на потенцијалите на двете земји, a особено во сeкторите: земјоделие, градежништво, текстил и метална индустрија.
Република Северна Македонија и Исламската Република Пакистан за прв пат воспоставија дипломатски односи на 12.08.1993 година со уставното име на нашата земја. Билатерални договори меѓу Република Северна Македонија и Исламска Република Пакистан потпишани нема, па воедно на средбата беше дадена иницијатива за потпишување на меморандум за заедничка соработка за одбегнување на двојното оданочување, како и за унапредување и заштита на инвестициите.
Д-р Георгиева-Јовевска накусо ја претстави целокупната работа и функционирањето на Комората и истакна дека од заеднички интерес е во наредниот период да се организираат повеќе активности како деловни средби, саеми и други активности од интерес за компаниите од секторите за коишто постои потенцијал и можности за соработка. Исто така како предлог беше даден и да се организираат заеднички трилатерални активности помеѓу С. Македонија-Бугарија и Пакистантската држава.
Трговската размена за 2023 година изнесува 6,6 милиони САД $, со зголемување од 6,09% споредено со 2022 година. Извозот изнесува 91 илјади САД $, со пад од 83%, додека увозното салдо изнесува 6,5 милиони САД $, кое бележи зголемување од  14,58% во споредба со 2022 година. Евидентиран е дефицит во трговската размена за 2023 година од 6,4 милиони САД $.
Во поглед на застапеноста на производите во размената, во структурата на извозот во изминатите години е на мошне ниско ниво, додека во 2023 година нема значајни производи во извозното салдо. Секако дека сликата може и треба да се промени. Во поглед на застапеноста на производите во структурата на увозот застапени се воглавно текстилни производи и работна облека, семе од сусам и спортски реквизити.