На ден 26.01.2024 година во просториите на Стопанската Комора на Северна Македонија се одржа седница на Здружението на металургија.
На седницата беше дискутирано за предизвиците во самиот металрушки сектор кој е воедно и еден од извозно водечките во државава. Состојбите со флуктуирачките цени на електричната енергија посебно на крајот на 2022ра почетокот на 2023та година беа оценети како крајно неповолни за компаниите и секторот во целина и дека тенденцијата на зголемување на енергетските потенцијали во земјава се очекува да донесе стабилност во сите сектори во целина. Предизвиците со недостигот на работниот кадар остануваат пред компаниите и во наредниот период.
Компаниите беа едногласни во ставот дека во иднина почесто ќе се состануваат се со цел активно пратење на состојбите и уште поажурно третирање на проблемите и предизвиците кои неминовно ќе доаѓаат.
Свое учество на средбата имаше и консултантската компанија за животна средина Г-КОНСАЛТ која на предлог и покана на претседателот на здружението одржа кратка информативна сесија на тема - CBAM - Механизaм за јаглеродно гранично прилагодување.