НЕДОСТИГААТ ОКОЛУ 10.000 РАБОТНИЦИ, ЗАВАРУВАЧИ, СЛАТКАРИ, ПЕКАРИ, МЕСАРИ, НО И ТЕКСТИЛНИ ТЕХНИЧАРИ И ИНЖИНЕРИ
23.11.2023
Од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на телевизија Слободен печат
Стопанската комора будно ги следи потребите на бизнис заедницата за обезбедување стручен кадар за раст на продуктивноста и зголемување на извозната дејност на компаниите. Анализите што ги прави Комората покажуваат дека 60% од компаниите имаат недостиг на работна сила како резултат на несоодветни вештини и компетенции на лицата кои бараат работа, на незаинтересираност да бидат вработени или се без работно искуство. Потребите за квалификации се различни во зависност од тоа за кој регион станува збор. За некои региони региони се специфични едни квалификации, за друг регион други квалификации во зависност од дејноста што преовладува во регионот, но најмногу недостигаат машински техничари, заварувачи, слаткари, пекари, касапи, месари, млекари, текстилни техничари, градежни техничари. Овие анализи со кои располага Комората, се една од основите за креирање на мерки за обезбедување кадар за бизнисот во Оперативниот план за вработување. Во ваква ситуација кога недостатокот на работна сила во земјава како проблем се повеќе се продлабочува и приватниот бизнис сектор тешко наоѓа решение, Стопанската комора преку Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките во соработка со компаниите ги користи мерките на Оперативниот план за обезбедување кадар преку реализирање на обуки за преквалификација и доквалификација на кадар.
Целото интервју од гостувањето м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора и претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, можете да го погледнете на видеото во текстот.
Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете поединечно дали се согласувате или не со секое од специфичните колачиња преку избор на копчето "Не се согласувам" и потоа кликнете на „Прифати“. Прочитај повеќе.