„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
02.11.2023
Стопанската комора на Северна Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД) започнуваат нова, иновативна соработка со цел да ја поддржат и олеснат интеграцијата на студентите во бизнисот и да ја засилат врската помеѓу науката и бизнис секторот.
На денешната средба меѓу претседателот на Комората Бранко Азески и ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски беа дефинирани можностите за имплементирање на концептот на дуално образование на Универзитетот и искористување на научно-истражувачките капацитети во развој на бизнисот.
„Сметам дека оваа соработка е неопходна за да ги изградиме следните генерации на лидери и стручњаци во различни области и да создадеме услови за успешна и перспективна иднина на младите генерации. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со реалниот сектор и предизвиците со кои се соочува стопанството, додека бизнисите ќе добијат можност да ги поддржат и менторираат следните генерации на професионалци“, истакна Азески.
Проектот помеѓу Комората и Универзитетот Гоце Делчев наречен „Студентите учат од бизнисот“ претставува платформа која ќе им овозможи на студентите да го спојат своето теоретско знаење со практичните искуства од бизнисот.