„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.02.2023
Образованието треба да биде вистинска комбинација на вештини, вклучувајќи и дигитални и трансверзални клучни компетенции потребни за работните процеси, и да им обезбеди на вработените соодветни професионални вештини, а тоа може да се постигне само со синергии и со партнерства меѓу јавниот и реалниот сектор. Само на ваков начин компаниите создаваат потенцијал за вработување квалификуван кадар, се осигуруваат дека младите луѓе и возрасните се здобиваат со потребните вештини за да бидат вработливи и се намалува јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
Во таа насока, Коморскиот инвестициски форум, чија членка е и Стопанската комора, обезбеди финансиска поддршка од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а средствата се реализираат преку Германската развојна банка и преку Регионалниот фонд за предизвици, како уникатен инструмент за финансирањe на проекти за унапредување на стручното образование и квалитетна реализација на практичната обука во компанија. Фондот се спроведува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.
Овој фонд на располагање има 20 милиони евра во форма на грантови за сите 6 земји, а за нашата земја во првиот грант беа определени средства во висина од 3,4 милиони евра, додека пак за вториот грант се определени 2, 73 милиони евра. Секој еден грант поддржува проект од 150.000 до 600.000 евра.
Повеќе за ова, како и за дуалниот модел на образование како најефикасен начин за подготовка на стручен кадар во нашата земја на следниот линк.