„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПОВИК ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА "МАКИНОВА И ЕКОНОВА 2023"

27.10.2023

Ги информираме компаниите дека СПАТУМ има објавено конкурс за “44-тата Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво-МАКИНОВА 2023” и “21-вата Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти, ЕКОНОВА”.

Во прилог можете да ги најдете линковите до Поканата и Пријавите за МАКИНОВА И ЕКОНОВА. Крајниот рок за доставување пријавите до организаторот е 03.11.2023 година, додека иформации за прифатените теми ќе добиете од организаторот-СПАТУМ до 06.11.2023 година.
Линкови до Поканата и Пријавите:
Од 10 до 12 ноември 2023 година во Берово ќе се одржат “44-тата Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво-МАКИНОВА 2023” и “21-вата Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти, ЕКОНОВА 2023”. Овие манифестации им овозможуваат на сите иноватори да ги презентираат своите пронајдоци и научни истражувања, а истовремено претставуваат платформа за размена на искуства и визии. 
Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ е носител на јавно овластување за вршење на дејности во областа на техничката култура. Една од најзначајните активности за анимирање и промовирање на иновативното творештво во Македонија која СПАТУМ ја организира се настаните МАКИНОВА И ЕКОНОВА.
Стопанската комора на Северна Македонија е традиционален партнер на СПАТУМ која доделува награди на најуспешните иновации во нашата држава.