Членовите на Клубот 100 ја одржаа редовната октомвриска седница, со која раководеше претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.
Врз основа на спроведените анализи и предвидувања на седницата се разгледуваа актуелните прашања во однос на Предлог-законот за трговски друштва, кој за стопанските субјекти го носи епитетот “устав” и за афирмирање на иницијативата на Комората за реформа на пензиското и инвалидско осигурување во Северна Македонија, која според оценката на стопанствениците, ќе поддржи раст на економијата.
На состанокот се дискутираше и за актуелната економска состојба во државата, што ја зголемува и онака присутната неизвесност на реалниот сектор. Членовите на Клубот 100 уште еднаш ја истакна потребата за креирање предвидлив амбиент за водење бизнис, поголеми инвестициски активности и отворање на нови работни места, сѐ во интерес на поголем економски напредок и раст на државата.