По повод одбележување на светскиот ден на туризмот 27 септември, министерството за економија организираше доделување признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес во 2023 година. Во име на Здружението на угостителството и туризмот при Комората наградата ја прими Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател, а во име на Националната Асоцијација за туроператори и туристички агенции при СКСМ претседателот Асим Меџедовиќ.
Државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ по повод Светскиот ден на туризмот истакна дека оваа постпадемиска година резултатите од туристичко угостителскиот сектор покажуваат позитивен тренд во однос на 2022 година, споредувајќи го периодот јануари јули за кој официјалната статистика има податоци. Следејќи под мотото „туризмот и зелените инвестиции“.
Државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ по повод Светскиот ден на туризмот истакна дека оваа постпадемиска година резултатите од туристичко угостителскиот сектор покажуваат позитивен тренд во однос на 2022 година, споредувајќи го периодот јануари јули за кој официјалната статистика има податоци. Следејќи под мотото „туризмот и зелените инвестиции“.
Блискиот Исток, Европа и Африка го предводат закрепнувањето на глобалниот сектор. Најспоро враќање на посетителите од предпандемиските нивоа има во азискиот дел на Тихиот Океан.
Светскиот ден на туризмот се одбележува секоја година од 1980 година, кога е усвоен Статутот на Организацијата во 1970 година, отворајќи го патот за основање на UNWTO (Светска туристичка организација При обединетите нации) пет години подоцна.
Дополнително, 27 септември има значење бидејќи го означува преминот помеѓу високата туристичка сезона на северната хемисфера и почетокот на туристичката сезона на јужната хемисфера. Овој тајминг гарантира дека Светскиот ден на туризмот го привлекува вниманието и на воспоставените и на новите туристички дестинации.
Но она што е клучно и на што упатва UNWTO е дека:
- додека масовниот туризам привлекува најмногу внимание, се повеќе се разговара за проблемите со одржливоста, особено на популарните дестинации кои стануваат мета на последици врз животната средина, природата и локалното население.
- речиси секој десетти човек на планетата е вклучен во туристичката индустрија, но дури 50% од младите не може да се вработат поради структурните пречки како недостиг на ресурси, немање пристап до соодветно образование и ресурси.
- „Туризмот никогаш не бил поважен за нашите економии или за нашите општества. Неговиот потенцијал е огромен. И така, на овој Светски ден на туризмот, ја славиме способноста на туризмот да го поттикне растот, истовремено истакнувајќи ја виталната потреба од инвестиции за да се обезбеди таков раст да биде инклузивен и одржлив“, посочи Зураб Пололикашвили Генерален секретар на UNWTO.
- Организацијата ги идентификуваше инвестициите како еден од клучните приоритети за закрепнување на туризмот и идниот раст и развој. За Светскиот ден на туризмот 2023 година, УНВТО ја нагласува потребата од повеќе и подобро насочени инвестиции за луѓето, за планетата и за просперитет.
- Сега е време за нови и иновативни решенија, а не само за традиционални инвестиции кои го промовираат и поткрепуваат економскиот раст и продуктивноста, посочува светското туристичко тело.