„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДИГИТАЛНА ТРАНЗИЦИЈА И ДИГИТАЛНИТЕ ВЕШТИНИ

27.09.2023

Дигиталната транзиција и дигиталните вештини на вработените во компаниите беше тема на он-лајн конференцијата насловена како „Промена на потребите за вештини во Македонија“, организирана од страна на Европската тренинг фондација (ЕТФ).

На конференцијата беа презентирани податоците за нашата земја од Извештајот на европската анкета за вештини и работа кои ги прикажуваа барањата за вештини за работа, неусогласеноста меѓу вештините и квалификациите, како и за учеството на вработените во понатамошна едукација и обука. Фокусот на анализата посебно беше ставен на користење дигитални технологии од страна на вработените и влијанието на дигиталната технологија за потребата од дигитални вештини.
Податоците покажаа дека македонските граѓани имаа релативно ниско ниво на дигитални вештини и значително заостануваат зад врсниците од ЕУ, што се одразува на нивниот личен, но и на професионален живот. Само 23 % од вработените во Македонија кои учествувале во анкетата се изјасниле дека во нивната комапнија се воведени нови дигитални технологии на нивните работни места, што е помалку од просекот на ЕУ кој изнесува 43%, а 17 % морале да учат нови компјутерски програми или софтвер за да можат да ја вршат својата главна работа, што е под  нивото на ЕУ (35%). Сепак дигиталното усовршување сè уште не е систематски воспоставено: само еден од шест вработени сакал да научи да користи нови дигитални технологии на работа.
Во однос на вештините потребни на работното место,  74 % од вработените во Македонија користат компјутерски уреди; 30% користата компјутеризирана машина, а 62% користат веб страници за своето работење.
На панел дискусијата преставникот од Стопанската комора, м-р Наташа Јаневска, истакна дека дигиталната транформација е особено е важна за микро и малите компаниибидејќи својот раст и развој можат да го доживеат само преку иновативни решенија, дигитализација на процесите и операциите кои вклучуваат автоматизација и роботизација на работни функции и подобрување на дигиталните вештини на вработените за работа со дигиталната технологија. Потребно е работните процеси да им преминат на дигитална платформа, без разлика дали станува збор за производи, услуги, пласман, маркетинг или продажба, како и грижа на корисници преку социјалните медиуми и канали. Само на таков начин можат да бидат конкурентни и на домашниот, и на светскиот пазар. 
„Кога зборуваме за употребата на ИКТ во сегментот на компании, таа е силно поврзана со големината на компанијата. Големите и средни компании се влезени во процесите на дигиталната трансформација, додека микро и малите компании во голема мера  заостануваат зад нив. Само 34% од компаниите во Македонија се дигитално зрели компании кои поседуваат технолошки и човечки капацитет, ги подобруваат деловните процеси, односно го подобруваат својот квалитет на производи и услуги преку дигитализирање на операциите, имаат брза испорака и ги задоволуваат барањата на пазарот. Ниското ниво на дигиталната трансформација на малите и микро компании резултира и со ниски вложувања во развојот на дигитални вештини на нивните вработени. Податоците укажуваат дека 12 % од македонските компании обезбедиле ИКТ-обука за вработени, што е многу пониско од просекот на ЕУ од 20 %„ потенцираше м-р Јаневска.
Јанеска изјави дека Комора како бизнис организација која се грижи за своите членки преку разни активности им дава поддршка на компаниите:
1.     Им помага на компаниите да учествуваат во проекти за обезбедување на нови и софистицирани машини и опрема и поттикнува реализација на обуки за вработените во компаниите кои ќе работаат на тие машини;
2.     Преку Центарот за едукација, организира обуки за унапредување на дигиталните вештини на вработените во компаниите за основни и напредни дигитални вештини кои ќе им помогнат во нивното работење, но и во процесот на преквалификација.
3.     Преку Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките организира обуки за преквалификација и доквалификација;
4.     Преку заедничка соработка со Владата и Швајцарската агенција за развој, ги поттикнува македонските компаниите за воведување на САБ системите за дигитализација на процесите и размената на информации;
5.     Реализираше обуки за градежното информатичко моделирање (Building Information Modeling – BIM), процес на креирање и менаџирање на податоците во градењето базирано на 3Д модели.
6.     Огранизира промотивни настани за дигитализацијата во малопродажбата, производството, градежништвото и финансискиот сектор - 150 учесници осознаа за трендовите во конкретните индустрии, постојните дигитални алатки наменети за специфични индустрии.
7.     Дигитализацијата на компаниите мора да биде следена и со дигитализација на Комората, така што преку Стопанската комора им е овозможено на компаниите, преку воспоставената он-лине платформа, издавање на меѓународно признати сертификати за потекло (Ориџин и Форма-А).
На конференцијата како панелисти учествуваа и претставници од министерството за труд и социјална политика, министерството за образование и наука, Центарот за образование на возрасните и Агенцијата за вработување на С. Македонија.