„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ НЕ ЈА СТОПИРА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА СТАН ПОВЕЌЕ

25.09.2023

Гостување во ,,Тема на денот,, на Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски

Голем број на фактори влијаат на цените на становите, а еден од најсилните фактори во моментов е зголемувањето на цените на градежните материјали. Ако погледнеме на трендовите во оваа индустрија, можеме да заклучиме дека сме сведоци на драстични промени во цените од предходните три години.
Во интервју за ,, Тема на денот,, на Македонската радио телевизија, Претседателот на Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите, Андреа Серафимовски, објасни дека челикот имаше пад помеѓу 20-30% на берзата на светско ниво но не се почуствува кај нас, додека цената на арматурното железо денес со цената од 2020 година има раст од 30%. Ќерамидите имаа 100% раст во споредба со 2020 година, а бетонот и цементот бележат раст од 50%, разлика од пред три години. Најмалиот раст го имаат хидроизолацијата и гипсените материјали.
Сепак, цените на градежните материјали не се единствените фактори кои влијаат на секторот, Серафимовски истакна дека освен цените на градежните материјали, постојат и други фактори кои влијаат како што се: мораториумот на издавање на градежни дозволи во некои клучни области од градот, зголемувањето на цената на градежното земјиште и растот на минималната и просечната плата во високоградбата создаваат дополнителни предизвици за секторот.
Според Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски, воедно изрази оптимизам со очекување дека до крајот на годината цените на становите ќе се стабилизираат. Тој потенцира и дека се очекува период кога купците ќе почнат да обраќаат внимание на квалитетот на изградбата, што ќе биде појдовна точка за избор, а не само цената, како што беше пракса до сега.
Интервјуто може да го погледнете на следниов линк: https://play.mrt.com.mk/play/565648