Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески во интервју за Топ Тема посочува дека бизнис секторот направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и Властите, но во услови кога партиските интереси се побитни, повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите медиумите синдикатите невладините организации Стопанската комора најави дека ќе го даде вчера донесениот Закон за солидарен данок пред Уставниот суд а тоа ќе биде трет оспорен Закон од страна на Комората за две години Според првиот човек на Комората забрзано се носат закони за потребите на изборите .
НИЕ СМЕ ВЧУДОНЕВИДЕНИ ОД СОСТОЈБАТА КОЈА ШТО ЈА ГЛЕДАМЕ ВО МОМЕНТОТ, КОЈАШТО НА ЕДНОСТАВЕН И ПРОСТ НАЧИН ЗНАЧИ ДЕКА НАД МАСАВА СЕГА ИМА СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ШТО ГЛЕДАШ НИКАКВА АКТИВНОСТ ОСВЕН НЕКАКВА ЛИЧНА И ПАРТИСКА КОЈА ШТО ПОСТОИ, А ПОД МАСАВА ВРИЕ. ЗАТОА ШТО СЕКОЈ ТРЕТ ДЕН ДОБИВАМЕ НЕКОЈ ЗАКОН ОД ЕПОХАЛНИ РАЗМЕРИ, КОЈШТО НЕКОЈ ГО РАБОТИ. НА ПРИМЕР ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ВО МОМЕНТОВ. КАКО НА СЦЕНАТА ГОРЕ НЕ ГЛЕДАМЕ АКТИВНОСТ, А ГЛЕДАМЕ ДОЛУ ЗАКОНИ КОИ ШТО СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ПРЕДИЗБОРИЕТО. ТОА ЗНАЧИ МАШИНЕРИЈАТА КОЈА ШТО СЕ НАОЃА ВНАТРЕ, УСИДРЕНА, ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ФУНКЦИОНИРА ВЕРОЈАТНО БЕСПРЕКОРНО И ПРЕКУВРЕМЕНО ВО ОВОЈ ПЕРИОД. И ТУКУ ОП, ОДМА ЌЕ ГО ДОБИЕШ ОДГОВОРОТ. ПА ВАКВА ЗАКОНСКА АКТИВНОСТ НИЕ НЕ СМЕ ИМАЛО ВО ПОСЛЕДНИВЕ 10 ГОДИНИ, СМЕТА АЗЕСКИ.
Азески вели дека државните интереси мораат да имаат поголема важност од партиските.
ЧУДНАТА СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ШТО СЕ НАОЃАМЕ СЕГА Е ДА ТОЈ ДИЈАЛОГ ПОСТОИ, ДА ТОЈ СЕ ПРИФАЌА, НО ФАЛИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА. ВЕЧЕРТА КОГА ЌЕ СЕ ОДИ ВО ПАРТИСКИТЕ СЕДИШТА СЕ ПРЕСМЕТУВА ШТЕТАТА ШТО БИ НАСТАНАЛА ПО ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ, И ТОА. ЗАТОА НИЕ ВИКАМЕ МОРА ВО ОВОЈ ПЕРИОД СЕГА ДА ДАДЕМЕ ПРЕДИМСТВО НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ПАРТИСИТЕ ДА ГИ ОСТАВИМЕ НА СТРАНА, ДЕЦИДЕН Е ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА.