„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

21.09.2023

На 19 и 20 септември во Дубаи се одржа Самитот за глобална трговија и ланци на снабдување организиран од престижната британска групација "Економист", на кој учествуваше претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров.

Главни покровители на самитот беа глобалните финансиски лидери ЏП Морган и Сити Банк, SAP, DP World и Axellext. 
На настанот учествуваа повеќе од 500 учесници од целиот свет, а говореа над 100 бизнис лидери од големи глобални корпорации како Тојота, Фереро, ГАНТ, Шнајдер, Астра Зенека, Јонсон и Јонсон и други; креатори на политики од Европа, Азија и Африка; претставници на меѓународни организации како Светска трговска организација, Европска комисија, Светска царинска организација, УНКТАТ, ЕБОР, ОЕЦД, ООН, Развојна Банка на Азија и други; претставници на стопански комори и бизнис асоцијации; еминентни професори од престижни светски универзитети; и глобални претприемачи. Настанот беше отворен од страна на Министерот за трговија и Министерот за инвестиции на ОАЕ.
Главни теми на самитот беа предизвиците на глобалната трговија, глобализацијата и новите трговски политики, и поврзувањата на МСП во глобалните ланци на снабдување.
Претседателот Лазаров имаше повеќе средби со претставници на компании, комори и меѓународни организации, при што, оствари и средба со преставникот на DP World на која средба разговараа за можностите за користење на услугите на "Trade Finance" програмата од страна на македонските извозни компании