ЕУ интеграцијата – единствениот наш пат за понатамошен економски развој
11.09.2023
Постепено отварање и вклучување на Северна Македонија на единствениот пазар на Европската унија под услови кои важат за земјите од ЕУ и постепеното отварање на Структурните фондови со што македонските компании ќе добијат дополнителен стимул за нови инвестиции и иновативни решенија во нивното планирање за развој, особено во делот на усогласување со принципите на Европската зелена агенда, се дел од приоритетите на Стопанската Комора на Северна Македонија што беа истакната на прес-конференцијата на тема „ЕУ интеграцијата –единствениот наш пат за понатамошен економски развој“.
Јадранка Аризанковска, советник за ЕУ интеграции во кабинетот на претседателот на СКСМ нагласи дека Комората како претставник на бизнис секторот со особен интерес ги следи досегашните процеси на преговорите и ќе биде вклучена и во целиот процес на преговори кој ќе следи.
„Како Комора, врз база на барањето на ЕК, за креирање на дополнителни мерки и фондови за земјите од западен балкан, доставивме преку Секретаријатот за европски прашања и Коморскиот инвестициски форум барања до Европската комисија и ДГ НЕАР, барања за реализирање на одредени суштински предуслуви за да може да се олесни но и финасиски поддржи процесот на прилагодување на македонските компании. Во тек е скрининг процесот кој е исто толку важен како и целиот тек на преговори бидејќи во рамки на претставувањето на државните институции што е досега сработено се дефинираат и рокови за она што треба да следи и да се реализира. Процесот на интеграција подразбира усогласување на економските системи, политики и регулативи со оние од Европската унија. Во рамки на тоа усогласување, од шестте кластери дефинирани во преговарачката рамка пет се однесуваат на бизнисот и директна имлементација од страна на компаниите“, потенцираше Аризанковска.
Стопанската комора со свои стручни анализи и мислења во рамки на преговорите со ЕУ ќе се обиде да издејствува пролонгирање или да им се даде соодветно време за имплементација на одредени барања од регулативите за компаниите.
Во процесот на ЕУ интеграцијата се дефинираат приоритетите:
Вклучување на Северна Македонија на единствениот пазарна Европската унија под услови кои важат за земјите од ЕУ и постепеното отварање на Структурните фондови.
Дополнителна поддршка и јакнење на конкурентските предности на македонскиот бизнис сектор преку овозможување на техничка и финасиска поддршка и зголемување на регионалната поддршка преку ИПА фондовите особено во делот на усогласување со ЕУ регулативите и стандардите, зголемување на технолошките капацитети и набавки на нови 5г технологии, зголемување на извозните капацитети како и поддршка во воведување на нови процеси и технологи за создавање на производи со европски квалитет и стандарди кои без проблем ќе можат да се пласираат на пазарите на ЕУ.
Д ополнителна поддршка од ЕУ е неопходна и во делот на подобрување на инфраструктурата на земјата во сите сегменти. Фокус на изградба на инфраструктура што ќе значи иднина за македонската економија, а со поддршка на ЕУ ќе се стопираат/или нема да се одобруваат инвестициите во непродуктивни проекти.
За полесен проток на стоки и услуги, a заради непречено вклучување на македонските компании на единствениот европски пазар, неопходно е дигитализирање на граничните премини како на регионот така и оние со ЕУ границите и меѓусебно адаптирање и признавање на сите документи, сертификати итн, неопходни за побрз проток на стоките.
Ирена Мојсовска, експерт во Центарот за проекти во Комората, зборуваше за важноста на проектот Европска мрежа на претприемачи, што го реализираКомората, а е финансиран од Европската комисија. Станува збор за најголема бизнис мрежа во светот која делува во земјите на Европската Унија и пошироко, во повеќе од 60 земји со кои соработува Европската Унија, со учество на повеќе од 600 локални партнерски организации како универзитети, стопански комори, агенции, фондации и здруженија, кои обезбедуваат информации и советувања за компаниите од областа на бизнисот, технологијата или науката.
„Главната мисија на Enterprise Europe Network/ Европска мрежа на претприемачи е да им помогне на малите и средни компании да ги искористат различните бизнис можности кои се во рамките на единствениот ЕУ пазар со давање информации и поддршка, особено со прашања поврзани за ЕУ регулативата и прописите, информации и совети за Европските стандарди или во насока на промовирање на технологија, иновативен производ, услуги или техничка експертиза. Сите овие информации исто така може да се користат и од страна на поголемите компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и агенции за развој на иновации. Овие услуги се бесплатни во рамките на бизнис мрежа“, истакна Мојсовска.
Пристапот до финансиските средства за ММСП е еден од клучните фактори кои ги наведуваат компаниите во Македонија и Западен Балкан како пречка за зголемен обем на економски активности и нивен раст и развој. Пристапот до финансии е клучен за добивање на обртен или долгорочен капитал за да ги одржат производствените процеси и остваруваат раст и развој, како и за инвестиции, иновации, креирање на работни места и имплементација на напредни техники и технологии.
„За да се поттикне развојот на приватниот сектор, финансиската поддршка од Европската Унија е насочена кон поддршка на микро, малите и средни претпријатија кон нивно усогласување со нормите и стандардите во ЕУ во областа на енергетска, транспортна и дигитална конетивност, одржливо земјоделие, биодиверзитет, шуми и вода, одржливи градови, човечки развој итн“, истакна Антонета Манова Ставреска.
Во моментот на располагање на македонските компании им се следниве кредитни линии со вкупен износ од околу 170 милиони евра и тоа:
Кредитна линија од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) преку МБПР
ЕБОР – линија за ММСП
Кредитна линија од ЕБОР - Green Finance Facility
EFSE – European Fund for Southeast Europe
GGF – Green for Growth Fund (Зелено за раст фонд Фонд за зелен развој) преку KfW и EIB (Европска Инвестициона Банка)
Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете поединечно дали се согласувате или не со секое од специфичните колачиња преку избор на копчето "Не се согласувам" и потоа кликнете на „Прифати“. Прочитај повеќе.