„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ЧЕСТИТКА ОД МАР ВО ПОЧИТ НА РУДАРСКИОТ ДЕН, 28МИ АВГУСТ

28.08.2023

Со најискрени желби за развој и напредок Македонската асоцијација на рударството го одбележува и го честита 28. Август – Денот на рударите.
Посветеноста и силата која рударите и вработените во овој сектор ја покажавме при надминувањето на предизвиците во секојдневното работење и во заштитата на природните богатства, придонесуваат за изградба на одржлив економски развој и напредок на државата.
Горди сме на постигнатите резултати, а тоа ни дава за право да бидеме уште попрофесионални, попосветени и поистрајни во следните чекори кои водат до уште поголеми успеси и постигања.
Денот на рударите не е само прилика да се слават минатите успеси, туку и признание на борбата и стремежот кон посакувани цели во иднината. Во време кога светот стои пред многу предизвици, решителноста и иновативноста на рударите и вработените во овој сектор ќе бидат катализатори за нови можности и напредок. Верувамe дека со продолжување на традицијата на рударството, со одговорни практики и политики можеме да оствариме долгорочен и одржлив развој.
Ова ќе придонесе не само за благосостојба на работниците и нивните семејства, туку и за заштита на животната средина и просперитет на целата заедница, а нашите заеднички напори ќе ни овозможуваат да се движиме кон подобро и одржливо утре.
Денот на рударите е повод да се слави посветеноста и вложениот труд на оние кои работат во оваа професија, во духот на солидарност и заедништво кои носат светлина во рударските  работни денови.
Со најискрени желби за здравје, среќа и непрекинат напредок.
Среќно!