ИЗГРАДБА НА ПЕРСПЕКТИВА – УЧЕСТВОТО НА ДОМАШНИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ ВО СТРАТЕШКИТЕ ПРОЕКТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ
07.07.2023
ИНТЕРВЈУ ЗА СТУДИО 10 НА ТВ 24, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ИНДУСТРИЈАТА НА ГРАДЕЖНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ И НЕМЕТАЛИТЕ АНДРЕА СЕРАФИМОВСКИ
Нашето здружение препозна сериозните предизвици со кои се соочуваат домашните градежни компании во обезбедувањето на квалитетна работна сила во градежништвото. Дефицитот на квалитетна механизација и потребата од приспособување на технологиите во едно време кога бевме неразвиена земја беа огромни предизвици за нас. Сега, како организација, сме сфатиле дека системскиот проблем бара системски пристап за решавање.
Социјалната политика, вклучувајќи воведување на недела неработен ден и минимална плата, не успеа да го реши проблемот со одливот на стручни градежни работници и недостатокот на квалификуван кадар. Истото се случува и во образованието, каде младите не покажуваат доволно интерес да се вклучат во стручното образование и да го изберат градежниот факултет како своја идна професија.
Во текот на 2023 година забележавме двоцифрен пораст на нето платите, со пораст од 36% во првото тромесечје во споредба со 2022 година, сега просечната нето плата во градежништвото изнесува 36.500 денари. Нелојалната конкуренција при јавни набавки и работата на странски градежни компании на стратешки проекти се дел од причините зошто домашните градежна оператива нема работа на домашна почва.
За задржување на високо квалификувани градежници, потребно е да им се обезбеди работа на големи проекти, каде можат да ја применат својата експертиза и да стекнат доволно искуство за да станат конкурентни и квалитетни. Нашето искуство ни покажува дека нивото на знаење и квалификации на нашите градежници не е пониско од странските. Имаме квалитетен домашен стручен кадар, и поради тоа, мораме да работиме на изградба на стратегија за развој на домашните градежни компании. Без успешни компании, нема успешни работници, а без продуктивни работници, нема успешни компании.
Бројката на градежни работници падна под 45.000, и затоа наша задача да го активираме алармот и да се вклучиме во решавањето на овој проблем изјави претседателот на Здружението за грдежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите Андреа Серафимовски, во интервјуто за"Студио 10" на ТВ 24.
Целото интервју може да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=re-e1yMpavQ
Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете поединечно дали се согласувате или не со секое од специфичните колачиња преку избор на копчето "Не се согласувам" и потоа кликнете на „Прифати“. Прочитај повеќе.