20-ТИ ЈУНИ ДЕН НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ : Фокусирани на развој и подобри услови на работа за подобар животен стандард за градежните работници
21.06.2023
Претседателот на Здружение на градежништво, индустрија на градежните материја и неметалите, Андреа Серафимовски, во интервју на утринската програма на ТВ Сител
Во чест на 20-ти јуни, Денот на градежните работници, г-дин Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија во интервју за утринската програма на тв Сител ги споделува своите видувања, цели и иницијативи како и потребата за обезбедување на квалификувана работна сила и спречување на одливот на градежни работници од земјата.
Во интерес на Здружението за градежништво, и целата градежна фела е да се застане на патот на сивата економија и борбата против неа да ги задржат градежните работници во државата, осигурувајќи подобар животен стандард за нив. Г-дин Серафимовски нагласува за почитување на законската регулатива и работните саати на градежните работници, како елемент за нивна заштита при работа.
Во интервјуто, тој истакна за една од иницијативите на здружението која претставува дополна во законската регулатива, каде секоја компанија која учествува на Јавна набавка има обврска да биде член на синдикална организација. Оваа иницијатива има за цел да обезбеди основни услови на работа и почитување на работничките права. Г-дин Серафимовски јасно истакнува дека за нив ,,нема добра компанија без продуктивен работник и нема задоволен работник без профитабилна компанија,,.
Честит ден на градежните работници !
Интервјуто со претседателот на Здружението за градежништво, индустрија на градежните материјали и неметалите на следниов линк :
https://www.youtube.com/embed/SNhD8WJ_dzQ
Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете поединечно дали се согласувате или не со секое од специфичните колачиња преку избор на копчето "Не се согласувам" и потоа кликнете на „Прифати“. Прочитај повеќе.