„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОБУКИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ - МОЖНОСТ ЗА РАСТЕЊЕ НА КОМПАНИЈАТА

05.06.2023

Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора со поддршка на Бизнис центарот за тренинг и обуки ДООЕЛ, Охрид за вработените од Рудници „Саса“, ја организираше третата по ред, тридневна обука во период од 5 до 7 јуни 2023 година.

Компанијата Рудници „Саса“ од Македонска Каменица во стратешката определба на своето работење фокусот го става на унапредување на знаењата и вештините за вработените, затоа што се свесни дека добро обучени вработени, носат позитивни трендови во работењето на компанијата, а обуките на вработените се еден од најважните сегменти за успешно функционирање на секој бизнис.
Програмата „Обука за обучувачи“ се состои од 9 модули преку која ќе се обезбеди инспиративно-мотивирачки однос на вработените за континуирано учење и надградување на нивните знаења и вештини и за развивање компетенции за меѓусебно разбирање и за справување со несекојдневните ситуации, како и за развивање свесен однос за донесување решенија прифатливи за сите. Првиот ден, фокусот е ставен на филозофијата на учење, вториот ден, на улогата на обучувачот во обучувачкиот процес, а третиот ден на  успешното комуницирање и справување со учесници со различно однесување. Обучувач на програмата е д-р Соња Ристовска.
Нудејќи им можност на своите вработените да учат и да растат во рамките на компанија, се зголемува можноста не само да ги задржи вработените, туку и да создава поквалификувана работна сила што ќе биде од корист за компанијата во иднина.