„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Тематска презентација на Институт за стандардизација на Република Северна Македонија и Стопанската Комора на Северна Македонија

01.06.2023

Во организација на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија, пред  деловните субјекти кои работат во областа на Опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери, се организираше: 


ТЕМАТСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА
Опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери - стандардизација и регулатива

Воведни обраќање имаа претставникот од Стопанската Комора на Северна Македонија  г-ѓа Сашка Велков и претставникот од ИСРСМ  м-р Лилјана  Хаџиевска-Антовска раководител на одделение за електротехника, Сектор за стандардизација.
Следеа последователни презентации за активностите и работните ангажмани на ИСРСМ како целина од м-р Лилјана  Хаџиевска-Антовска,  и презентација со особен акцент на активностите на ИСРСМ ТК1 од дипл. маш. инж Валентина Арсовска -  советник во ИСРСМ.
Регулативата и Законодавна рамка за АТЕХ во Република Северна Македонија, практичната примена во фармацевстската индустрија и инспекцискиот надзор и контролата на ефикасноста на примарната противексплозивна заштита, беа презентирани од страна на дипл. елек. инж Фросина Сејзова Велкова, Раководител на инспекциско тело - Ех Изведба Инженеринг, дипл. пр. Адиса Фазлиоска, Раководител на одделение при Министерство за економија и м-р.Мартина Видеска Павлов, Сектор за инвестиции од АЛКАЛОИД АД Скопје.
Целта на реализација беше во согласност со Програмата за приближување на законодавство на Република Северна Македонија кон законодавството на Европската унија,  и процесот на целосна транспозиција на Директивите од Новиот приод, односно важечката АТЕХ Директива 2014/34/EU.