„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БАРАЊА ЗА НОВИ СОРАБОТКИ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА ВО ТЕКСТИЛНИОТ СЕКТОР

16.05.2023

Вмрежувањето на компании со стручни училишта за реализација на учењето преку работа е една од активностите на Центарот за дуално образование во рамките на Советот за развој на тренингот и обуките.  На барање на фирмата/модното студио „Диа Нешо“ од Скопје во Стопанската комора  се одржа работен состанок со директорката на средното училиште „Кочо Рацин“, Скопје, за воспоставување на заедничка соработка за реализација на учењето преку работа за квалификации од секторот текстил, кожа и слични производи, со можност за нивно вработување по завршување на образованието. На состанокот беа разгледани две можности за обезбедување на кадарот за компанијата: обезбедување на ученици од училиштето кои сега го завршуваат стручното образование со можност за нивна кратка обука и вработување и обезбедување на ученици од II и III година за реализација на учење преку работа во нивната фирма за квалификацијата Моделар.

На состанокот, претставниците на компанијата беа информирани за процедурите за реализација на учењето преку работа како:
  1. Потпишување Меморандум за соработка со стручното училиште;
  2. Сертифицирање на ментор за практична обука преку реализација на обука што ја реализира Стопанската комора , во траење од три дена;
  3. Верификација на работодавачот за реализација на практична обука што ја спроведува Комисија од Комората за проверка на исполнетоста на условите на работодавачот за реализација на практична обука и
  4. Потпишување Договор помеѓу училиштето, компанијата и ученикот/старателот.