„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРЕЗЕНТИРАН НОВИОТ ПОВИК НА ФОНДОТ: КOФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ЗА ЗАБРЗАН ЕКОНОМСКИ РАСТ

25.04.2023

Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, организираше виртуелна инфо сесија со цел презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Претставници од Фондот за иновации и технолошки развој го презентираа инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за  инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација
Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи. 
Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка: 
– до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2.500.000,00 (два милиони и петстотини илјади) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 (десет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра.
– до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 5.000.000,00 (пет милиони) денари, за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект. 
– до 60% (шеесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање.

Рокот за аплицирање е до 05.5.2023 година до 14.00 часот. Повеќе информации поврзани со јавниот повик можат да се добијат на е-адреса: zabrzanrast2023@fitr.mk  или на следниот линк: http://bitly.ws/CPfj .
Стопанската комора на Северна Македонија континуирано следејќи ги сите повици и мерки за обезбедување на поддршка за унапредување на деловните процеси ги информира компаниите за новите повици објавени од страна на Фондот преку одржување на ваков тип на презентации, се со цел поголем број компании да се запознаат со можностите за кофинансирање како поддршка за континуиран раст и развој на македонските компании.