Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство.
Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон.
Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички.
Интерес има и за класичните ,,636” машини, од серијата која е надградена по највисоки европски и светски стандарди и за која неодамна е добиен ТУВ сертификат од Германија како потврда за меѓународен квалитет.