„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА КОМПАНИИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА САЕМОТ ВО ХАНОВЕР

20.04.2023

Виктор Мизо претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Стопанската комора ги презентираше потенцијалите на регионот на Западен Балкан

Од 17-21 април, петнаесет компании од регионот на Западен Балкан се претставија на саемот во Хановер, Германија, на заеднички штанд организиран од Коморскиот инвестициски форум, кој е поддржан од Европската комисија, а во рамки на проектот „ЕУ поддршка за ЗБ6 КИФ“. Компаниите од автомобилската и металната индустрија имаа можност да ги претстават своите потенцијали и остварија низа деловни средби со други компании од повеќе земји, присутни на оваа саемска манифестација.
Главната цел на заедничкото учество на компаниите од регионот на овој саем е нивно запознавање и поврзување со потенцијални инвеститори и деловни партнери од ЕУ и со релевантни јавни институции за поддршка на развојот на автомобилската индустрија во Западен Балкан, како и создавање на нови синџири на снабдување, вклучувајќи компании од целиот регион. Од вкупно 15 компании од регионот, од Северна Македонија на штандот на КИФ се претставија компаниите Актива, Брако и Каз груп.
За време одржување на саемот, КИФ организираше и Инвестициска конференција, настан кој собра компании од автомобилската и металната индустрија од Германија и други водечки европски пазари, пред кои се презентираа можностите и придобивките од инвестирањето во регионот. Конференцијата ја отвори г-дин Лулзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово и претседател на Управниот одбор на КИФ, а претставувањето на автомобилската индустрија во Западен Балкан беше презентирана од г-дин Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија, кој ги презентираше потенцијалите на регионот и преглед на фактичката состојба. Како што беше посочено, регионот е полн со скриени потенцијали кои не се трошат залудно, регионот се подобрува на многу полиња и покрај предизвиците со кои сме соочени како на пример работната сила, но позитивните влијанија се видливи. На панелот беше препорачано дека создавањето на различни заеднички секторски кластери на Западен Балкан би можеле да бидат повеќе интересни за странските инвеститори и тоа треба да биде патот по кој ќе се оди во идните активности во рамки на КИФ.
На конференцијата беа прикажани и примери на успешни инвестиции во регионот, како и информации за Заедничкиот регионален пазар и поволностите и можностите што се нудат на странските инвеститори на краток и среден рок. 
Господинот Мизо, пред присутните упати и препораки за поттикнување на нови странски директни инвестиции во регионот на Западен Балкан.
  • Да се воспостават топлински карти на потребните добавувачи/процеси во регионот, на пр. обработка на метал (галванизација, катодно боење, итн.);
  • Да се подобри промоцијата на инвестициите на слични производи како комерцијални возила и машини за да се намали ризикот од кластери од патничките автомобили;
  • Да се направи фокус на образование и истражување на индустриска електроника, индустрија 4.0 и други теми поврзани со производството;
  • Да се подобри мрежата на добавувачи, на пр. преку саемот SuBEx (Supplier Balkan Expo) или слични настани за подобрување на интеграцијата на локалните добавувачи и да се подобри и поврзат постоечките бази на податоци;
  • Да се зголеми понудата на програми за дуално образование на предуниверзитетско и универзитетско ниво, со прекугранична понуда и зголемен удел на обука во компанијата (50:50 %)
Саемот “Хановер 2023” е водечки светски саем за индустрија, на кој учествуваа околу 4.000 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија, презентирајќи технологии и решенија за мрежна и климатски неутрална индустрија. Од дигитализација и автоматизација на сложени производствени процеси до употреба на водород за снабдување на фабриките со енергија и употреба на софтвер за снимање и намалување на јаглеродниот отпечаток. Топ теми на саемот Хановер 2023 година беа неутралното производство на CO2, управувањето со енергија, индустријата 4.0, вештачката интелигенција и машинство.