„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Тасевски со писмо до Азески: Ви благодарам на укажаната чест и доверба да бидам дел од управувачките структури на една од најдолгогодишните и најреномирани институции во РС Македонија

19.04.2023

Томче Тасевски, извршен директор во ХАЛКБАНК АД Скопје стана член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија. По повод неговото назначување Тасевски испрати писмо со благодарница до претседателот на Комората Бранко Азески кое го пренесуваме во целост.


Почитуван претседателе на Стопанска комора Бранко Азески,
Ви благодарам на укажаната чест и доверба на Вашите соработници и особено на Вас лично, да бидам дел од управувачките структури на една од најдолгогодишните и најреномирани институции во РС Македонија. Верувам дека со мојата партиципација во органите на Стопанската комора, како и со Вашата безгранична заложба и поддршка, ќе успееме да дадеме придонес кон остварувањето на Вашата визија за “Комора на иднината“.
Со желби за многу здравје и успех, останувам,
Со почит,
Томче Тасевски   

Г-дин Тасевски е дипломиран економист во областа банкарски менаџмент на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата кариера во банкарството трае 26 години. За време на неговата кариера работел во три банки во Македонија и една Меѓународна финансиска институција - Opportunity International, на позициите како менаџер за односи со клиенти, главен директор за кредитирање и заменик генерален директор. Од 2002 година тој работи во Халкбанк АД Скопје.
Тој има активни улоги во повеќе од 20 специјализации во Германија, Италија, В. Британија и Далечниот Исток. Награден е со Специјален сертификат од страна на Bankakademie International Frankfurt во областа на управувањето со кредитирање на Микро и мали претпријатија.