„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
06.04.2023
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Н.Е. Софија Филипиду. На работниот состанок учествуваа и извршниот директор на Комората, Антони Пешев, како и оперативната директорка Билјана Пеева Ѓуриќ.
Во фокусот на разговорот беше економската соработка помеѓу двете земји, но и пошироко во целиот регион, со акцент на инфраструктурата која е клучна за бизнис секторот.
Претседателот Азески ја искористи можноста да потенцира дека за стопанството е важно да се зголеми протокот преку железницата и солунското пристаниште, да има редовни авионски линии со Република Грција, а енергетската криза покажа и дека во функција треба да се стави нафтоводот Скопје-Солун, кој со години не работи.
На работната средба Азески ја запозна амбасадорката Филипиду со активностите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го претставува гласот на приватниот сектор од шестте земји на Западен Балкан, при што нагласи дека треба да се даде приоритет на зголемување на извозот, регионалната соработка и заеднички настап на компаниите од овие земји на трети пазари.