„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРОДОЛЖУВААТ ОБУКИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА НА ТЕХНИЧКИОТ КАДАР ВО РУДНИКОТ „САСА“ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

30.03.2023

Компанијата Рудник „САСА“ – Македонска Каменица, поддржувајќи го мотото дека вложувањата во човечкиот капитал значи вложување во иднината на компанијата во соработка со Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора и со поддршка на Бизнис центарот за тренинг и обуки ДООЕЛ, Охрид, продолжува со обуките за унапредување на знаењата на вработените во компаниите во насока на создавање позитивна организациска клима во компанијата.

 
 
Обуката за програмата „Обука за обучувачи“ која ќе ја следи втората група на вработените од компанијата ќе се реализира во траење од три дена во период од 29 до 31 март 2023 година. Обучувач на програмата е д-р Соња Ристовска. Преку програмата „Обука за обучувачи“ ќе се обезбеди инспиративно-мотивирачки однос на вработените за континуирано учење и надградување на нивните знаења и вештини и за развивање компетенции за меѓусебно разбирање и за справување со несекојдневните ситуации, како и за развивање свесен однос за донесување решенија прифатливи за сите.