Домашниот извозен сектор треба да биде во фокусот на вниманието на креаторите на економски политики доколку сакаме да се надеваме на посериозен економски исчекор на земјата и забрзување на економскиот раст, посочувајќо дека ние сме мала економија со ограничен пазар и затоа треба вниманието да го насочиме кон градење на конкурентниски предности на нашите компании на регионалните и глобалните пазари. Говорејќи за состојбите и предизиците на извозниот сектор посочи дека извозната структура е прилично неповолна, а истовремено се соочуваме со висока извозна концетрација од повеќе аспетки. Дополнително, извозот на странските компании од ТИРЗ кои имаа значајно учество во вкупниот извоз на земјата има мала домашна додадена вредност што е причина зошто извозот на земјата во изминатиот период нема значително влијание за поголем економски раст, посочи Лазаров. Тоа се пресликува и во платниот биланс на земјата каде има хроничен трговски дефицит кој има неповолен растечки тренд особено во 2022 година што во еден значаен дел беше резултат и на енергетската криза, посочи Лазаров.
Тој зборуваше и за новиот концепт на Клубот на активности, како и за конкретните активности и форми на поддршка што Стопанската Комора на Северна Македонија ги обезбедува преку проектот што Комората го имплементира во партнерство со УСАИД, но и преку другите форми на услуги и алатки кои се креираат со цел целосна поддршка на домашните извозно ориентирани компании. Целта е да се помогне на извозните компании во подобрување на конкуретнските предности и поголема промоција со цел освојување на нови пазари преку вмрежување и воспоставување на трговски партнерства, како и преку поголема препознатливост и видливост на нашите производи на меѓународните пазари.
Истовремено, тој посочи дека во рамки на самиот проект се формираше за прв пат Национален совер за извоз со кој ќе раководи Комората што е гаранција дека бизнис секторот во соработка со надлежните институции ќе работи на подобрување на условите за домашните извозни компании. Овој совет претставува механизам за јавен-приватен дијалог помеѓу претставниците на извозните компании од различни сектори и индустрии, од една страна, и Владата заедно со надлежните институции од друга страна.
Целосното интервју на претседателот на Клубот на извозници Дарко Лазаров за Македонско радио - Радио Скопје, може да го слушнете во продолжение.