„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

АЛАРМАНТНА Е СОСТОЈБАТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

15.03.2023

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при СКСМ во интревју за Bloomberg Adria, за ситуацијата во градежништвото и во делот на работата и во делот на работната сила.

•    Градежништвото е една од клучните гранки во стопантвото во нашата земја, според моменталната состојба не можем да се пофалиме со посебни успеси во изминатва година, показател е намалувањето во учеството на бруто домашниот производ, во првиот квартал од минатата година 17,2%, 1% во вториот квартал со 9,1% пад во третиот и со завршување на годината со пад од 8,1%.

•    Оваа мулти криза се одрази и врз работниците. Фрапантен е податокот дека во Република Северна Македонија, прв пат после долги години, градежништвото брои под 50.000 вработени, односно само минатата година градежништвото е во загуба со 12.622 вработени, изразено во проценти 22,11% пад споредбено со 2021 година, според нашите податоци последнит квартал од минатат година бројот на работници изнесува 42.000.

•    Низа нови законски мерки, лошото администрирање на проектите, воведување недела како неработен ден, и покрај тоа што имаше зголемување на минималната плата, не вроди со ефект.

•    Анализата според потпишаните договори покажа она што ни следува во наредните 3 години, особено во изведувањето на големите капитални проекти, како што се експресните, магистралните, автопати, брани и железнички коридори,  каде 96% од работата за изведба се доделува на странски компании, а само 4 % на домашните градежни компании, како главни изведувачи.

•    Според статистиката можеме да утврдиме дека сите податоци растат во однос на минималната плата која достигна зголемување во високоградбата од 21,3% и во ниско градбата од 9,3%, договорените работи од 50 милијарда денари во 2021 година стигна до 53 милијарда денари, што достигна 6% порст, а извршените работи во 2022 година беа на ниво на 31 милијарда денари, што значи пораст 7%, каде забележуваме дек асите податоци растат, расте и бројот на склучени договори, а од друга страна сме сведоци дека бројот на вработени и компании драстично се намалува.

•    Ние немаме увид во условиде кои се потпишани во договорот со „Бехтел и Енка“, единствено што знаеме дека не е точно наведено дека македонските компании ќе работат 51%, од работите кои ќе ги изведува американско – турскиот конзорциум, туку имаме податок дека главниот изведувач ќе користи 51% од локалните ресурси, што не значи дека ќе ангажира компании за проектирање, изведба и ревизија.

Затоа бараме во тие 51% да се дефинира обезбедена работа за македонските компании во делот на проектирање, изведба и надзор, кои истите би обезбедиле економски и стратешки развој, кој би бил доволен да обезбеди и редвни работни услови за работниците во домашните компаниите.

Со ваков пристап за домашните компании ова значи и зголемување на референтната листа на изведени работи со што стануваат конкурентни као на домашниот тка и на странскиот пазар.  

Ние градежништвото го сметаме за мотор на економијата, ваков тип на капителни проекти знаеме дека не се реализираат често, затоа сега е шансата да искористиме, бидејќи знаеме дека нивната трајност и важност е повеќе годишна.

До крајот на неделата ќе имаме средба на највисоко ниво со премиерот Ковачевски  во владата каде ќе ги размеиме заедничките искуства, се надевам дека ќе наидеме на слух од владата, за изнаоѓање на заедничко решение што ќе биде од корист за сите засегнати страни.