„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Иуте Кредит Македонија успешно ја реализираше првата емисија на корпоративна обврзница

13.08.2026

| Новости

Целокупниот износ од 3 милиони евра обезбеден за само четири дена

 Иуте Кредит Македонија, членка на Групацијата на небанкарски финансиски институции при Стопанската комора на Северна Македонија, успешно ја реализираше својата прва емисија на корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал. Целокупниот износ од 3 милиони евра беше обезбеден за само четири дена, со што јавната понуда е успешно завршена.

Силниот интерес од инвеститорите претставува потврда за довербата во бизнис моделот, финансиските резултати, иновативноста и технолошката основа на компанијата.

За Иуте Кредит Македонија, емисијата претставува значајна развојна пресвртница и чекор кон понатамошна диверзификација на изворите на финансирање, но и позитивен придонес кон развојот на домашниот пазар на капитал и отворањето нови можности за корпоративно финансирање и инвестирање.

„Силниот интерес од инвеститорите е потврда за довербата во нашата компанија и долгорочната стратегија. Истовремено, веруваме дека развојот на вакви инструменти создава нови можности и за компаниите и за инвеститорите и придонесува кон продлабочување на домашниот пазар на капитал“, истакнуваат од Иуте Кредит Македонија.

Иуте Кредит Македонија останува посветена на транспарентно, одговорно и регулаторно усогласено работење, како основа за понатамошен развој и долгорочни партнерства на финансискиот пазар.